Ekip?
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
ПЕКИНГ (АА) - Десет лица го загубија животот во сообраќајна несреќа која се случи денес во југозападниот дел од Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
До несреќата дошло кога автобус се превртел на фреквентен автопат.
Кинеската државна новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на полицијата во Нанинг, тврди дека повредени се 32 лица, од кои пет потешко.
Меѓу загинатите се наоѓа и возачот на автобусот. Полицијата истражува на кој начин дошло до губење на контролата над возилото.