Recep Şakar
04 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
МЕЛБУРН
Во близина на градот Роторуа на Нов Зеланд се преврте автобус кој превезувал туристи од Кина. Во несреќата животот го загубија 5 лица, а има и голем број повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави полицијата на Нов Зеланд се наведува дека туристички автобус во кој се наоѓале 27 лица, се превртел во близина на градот Роторуа на Северниот Остров на Нов Зеланд.
Во продолжение се додава дека во превртениот автобусот во кој поголемиот дел биле кинески туристи, животот го загубиле 5 лица, а 2 лица се потешко повредени.
Големиот број повредени од местото на несреќата со хеликоптер и амбулантни возила се пренесени во локалните болници.
Градоначалникот на Роторуа, Стив Чедвик, соопштувајќи дека за лицата кои несреќата ја минале без повреди, обезбедена е храна и сместување, истакна „На барање на полицијата, општината Езерата Роторуа на повредените патници им дава секаков вид помош и поддршка.“