AP
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
ВАРШАВА (АА) - Во градот Познан, во западниот дел на Полска се урна зграда. Во несреќата загинаа најмалку 4 лица, а 24 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на противпожарната бригада Славомир Брандс изјави дека на местото на несреќата се испратени 24 противпожарни екипи кои се во потрага по преживеани лица кои се наоѓаат под урнатините.
До несреќата дојде кога се урна зграда со 18 станови. Меѓу повредените има и деца.
Регионалниот гувернер Збигњев Хофман изјави дека сѐ уште е рано за да се утвди причината за уривањето на зградата, но истакна дека една од можностите е експлозија на плин.