Ekipa
30 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја утринава упати отворена закана до САД дека ќе ја потопи подморницата која американските сили ја пратиле во Корејскиот Залив поради редуцирање на севернокорејската нуклеарна закана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Истиот момент кога ќе се помрдне, подморницата 'USS Michigan' ќе доживее трагична судбина и ќе стане подводен дух без можност повторно некогаш да исплови од дното”, објави државниот севернокорејски портал 'Uriminzokkiri'.
Јужнокорејската новинска агенција „Јонап“ јавува дека американската морнарица минатиот викенд стигнала во Јужна Кореја и притоа пристапила кон воена вежба.
Паралелно со тоа, со наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп, кон Јужна Кореја плови и американскиот носач на авиони за кој Северна Кореја претходно упати закана дека ќе го претвори во куп железо.