Sayed Khodaberdi Sadat
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - САД испрати единица од 300 лица во покраината Хелманд, во јужниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Од управата на американските единици во Авганистан соопштено е дека единицата ја сочинуваат припадници на поморската пешадија на САД.
Причините поради кои војниците се позиционирани на тоа подрачје се обука на авганистанската војска, советување и борба против тероризмот.
Американската воена единица пратена по нападот на 11 септември 2001 година во САД, од покраината Хелманд е повлечена во 2014 година.
По сѐ поголемите активности на талибанците и сѐ поголемите порази на авганистанските безбедносни сили, Вашингтон соопшти дека во земјата ќе прати уште 5.000 војници при специјалните сили на САД.