Yusuf Hatip
11 Декември 2019•Ажурирај: 12 Декември 2019
ПАРИЗ (АА) - Во Франција денеска се продолжени протестите и штрајковите поради реформите во пензискиот систем, кои има намера да ги воведе администрацијата на претседателот на таа земја, Емануел Макрон, јавува Агенција Анадолија (AA).
На првиот ден од протестите се придружија околу 800.000 лица, а штрајкот на вработените на неколку сектори трае веќе седми ден.
Поради штрајкот во последните седум дена доаѓа до доцнење во јавниот сообраќај. Официјалните претставници потврдија дека во Париз е предизвикан колапс во сообраќајот, а колоната со возила е долга и повеќе стотици километри.
Во работните денови се откажани голем број железнички линии, а во повеќе градови во Франција е отежнато одвивањето на сообраќајот.
На протестите во Париз, кои ги поддржаа десетици илјади луѓе, претходните денови дојде до судири на припадниците на безбедносните сили и демонстрантите.
Во интервенцијата на полицијата се ранети неколку репортери, меѓу кои и фоторепортерот на АА, Мустафа Јалчин.