Mohamed Sabry Emam Muhammed
26 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
МОСУЛ (АА) - Седуммина ирачки војници загинаа во жестоките судири со милитантите на ДЕАШ во Мосул, за време на големата офанзива за преземање на северниот град од терористичката група, јавува Anadolu Agency (AA).
„Милитантите на ДЕАШ започнаа со напад со автомобил-бомба, а потоа се влегоа во судир со ирачките сили во подрачјето Тамим, во источен Мосул“, изјави армискиот офицер Мохамад Нур ал-Дин за АА.
Тој рече дека ирачките трупи поддржани од воените авиони на коалицијата предводена од САД, сепак, се обиделе да го спречат нападот.
„Седуммина војници загинаа и четворица се повредени во нападот“, изјави тој.
Сѐ уште нема информации за загубите на ДЕАШ во судирот.
Во саботата, по еднонеделна пауза, ирачките сили ја продолжија својата офанзива во Мосул (која започна кон крајот на октомври).
Вториот најголем ирачки град Мосул, беше зазеден од страна на ДЕАШ во средината на 2014 година, заедно со големи територии во западен и во северен Ирак.