Alaattin Doğru
11 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
ДАКАР
Најмалку 30 цивили загинаа во нападите организирани од страна на сепаратистичката група Сојуз на демократски сили (ADF) од Уганда, источно од Демократска Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во националните медиуми, припадниците на Сојузот на демократски сили (ADF) масакрирале 30 лица кои работат на нивните полиња во провинцијата Утири на границата со Уганда.
Претставниците на граѓанското општество и на локалната самоуправа изјавија дека луѓето кои избегале од своите села, пешачејќи неколку километри, се засолниле во градот Бени, во северната провинција Киву.
Властите соопштија дека 408 цивили загинале во нападите од одмазда на сепаратистичката група Сојуз на демократски сили (ADF), по операциите што ги започна армијата на крајот на октомври во регионот.
Според соопштението од армијата, 60 војници загинале, а 175 војници биле повредени во операциите.
Источниот дел на земјата, која се граничи со Руанда, Уганда и Бурунди, е место на напади и судири на вооружени групи, кои веќе 20 години се обидуваат да ги контролираат подземните ресурси од злато и кобалт што се наоѓаат во регионот.
Од 2014 година до денес, 3.000 цивили загинаа во нападите на Сојузот на демократски сили (ADF) во регионот.