Nuray Tunçay
31 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ИДЛИБ (АА) - Три воени авиони на руското воздухопловство го бомбардираа центарот на градот Идлиб. Во нападите загинаа 23 лица, а 35 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдурезак Џубејро, еден од одговорните на цивилната заштита во градот Идлиб, за АА изјави дека руски воени авиони на северот од Сирија ги бомбардирале болниците Ел-Ватани и Ибн Сина во Идлиб, џамијата Ерар и населбите Кусур и Сувре.
Во изведените 17 воздушни напади на руските воени авиони, животот го загубија 23 лица, меѓу кои жени и деца, додека 35 лица се повредени. Џубејро, соопшти дека екипите од цивилната заштита се обидуваат да ги извлечат загинатите и повредените лица од урнатините по бомбардирањата.
Болниците Ел-Ватани и Ибн Сина се толку оштетени што повеќе не можат да даваат лекарска помош.
„По бомбардирањата на градот од страна на руското воздухопловство, болниците Ел-Ватани и Ибн Сина се толку девастирани, што повеќе не се во можност да даваат лекарска помош на оние на кои им е потребна”, истакна Џубејро и додаде дека повредените од нападите се испратени на лекување во мобилните болници во градот.
Џубејро рече дека е загрижен од можноста за зголемување на бројот на загинати лица по бомбардирањата изведени од страна на руските авиони.