Ahmet Furkan Mercan
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди групата острови Токар во Јапонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија на Јапонија (JMA) соопшти дека островите, кои по викендот имаа над 200 потреси на тлото, ги погоди и земјотрес со јачина од 6 степени.
Земјотресот е регистриран во 11:05 часот по локално време, на длабочина од 20 километри. Не е издадено предупредување за цунами.
Агенцијата за метеорологија најави дека би можело да дојде до нови потреси на тлото и го повика населението за преземање на потребните мерки.