Tufan Aktaş
22 Октомври 2021•Ажурирај: 24 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ
Мисијата на Африканската Унија во Сомалија (AMISOM) призна дека нејзини војници убиле 7 цивили во операцијата против Ал Шабаб во Сомалија реализирана на 10 август, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на АМИСОМ се наведува дека инцидентот е потврден во истрагата отворена по изјавата на сомалиската Влада дека во наведената операција загинале 7 цивили.
Исто така, се наведува дека за време на конфликтот во регионот Голвејн еден војник на АМИСОМ загинал, а еден војник бил повреден.
Се нагласува дека одговорните војници ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Во соопштението се истакнува и дека АМИСОМ ја презела целосната одговорност за она што се случило и дека војниците во конфликтот се државјани на Уганда.
Во АМИСОМ служат околу 20.000 војници од пет земји.