Чавушоглу го осуди нападот во Могадишу: „Турција секогаш ќе биде покрај братска Сомалија“
Чавушоглу нападот изведен со камион бомба го нарече подмолен терористички чин и упати порака со сочувство до семејствата на загинатите, вклучувајќи ги и семејствата на двајцата турски државјани кои се меѓу жртвите
Tevfik Durul
28 Декември 2019•Ажурирано: 30 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, најостро го осуди терористичкиот напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, во кој животот го изгубија најмалку 61 лице, меѓу кои и двајца турски државјани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу нападот изведен со камион бомба го нарече подмолен терористички чин и упати порака со сочувство до семејствата на загинатите, вклучувајќи ги и семејствата на двајцата турски државјани кои се меѓу жртвите.
„Турција секогаш ќе биде покрај братска Сомалија. Ја продолжуваме одлучната борба против тероризмот“, порача турскиот шеф на дипломатијата.
Чавушоглу го осуди нападот во Могадишу: „Турција секогаш ќе биде покрај братска Сомалија“