Eşref Musa
21 Септември 2022•Ажурирај: 23 Септември 2022
РАС АЛ АЈН (АА) - Во сириската област Рас ал Ајн, која е исчистена од терористичката организација ЈПГ/ПКК, отворена е детската градинка „Султан Алп Арслан“ за 100 сиромашни и деца без родители со поддршка на Меѓународното здружение за хуманитарна помош „Братство Хабур“ и здружението „Гајрет“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на отворањето на градинката, Мухамед Хамза, претседателот на Локалниот совет на Рас ал Ајн, посакувајќи градинката да биде корисна за учениците, им се заблагодари на хуманитарните здруженија за помошта и на донаторите од Сирија и Туркије.
Јасемин Абдула, учителка во градинката, за AA истакна дека во училиштето, покрај арапски и турски, ќе се одржуваат и часови по веронаука.

Наведувајќи дека градинката има шест групи со 100 деца без родители и деца од сиромашни семејства, Абдула рече дека во градинката најголем дел е одвоен за игралиштето и просторот за забава.
Тахир Караташ, претседател на здружението „Гајрет“ и Ријад Салих, претседател на Меѓународното здружение за хуманитарна помош „Хабур Братство“, упатија благодарност до донаторите кои со нивната помош предизвикаа насмевка на лицата на децата без родители.

Мехмет Албајрак од областа Ускудар, кој ги забавуваше децата со маската на Насредин-оџа и со игрите, рече дека сирачињата уживале во претставата и забавата.