Mohamad Misto,Mohammed Karabagak
20 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
ХАМА (АА) - Речиси 8.000 цивили во Хама побегнаа од делот на градот што е под контрола на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и веќе 40 дена во пустината чекаат да се одобри преминувањето на територијата под контрола на сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за жителите на местото Акрабат, кои ја напиштија населбата во којашто сириската војска води жестока борба против терористите на ДЕАШ, а сирискиот режим првобитно им го одобри преминот на подрачјето под контрола на опозицијата.
Цивилите веќе 40 дена чекаат во пустината, без никаква помош, а досега најмалку десет лица починаа.
Претседателот на Општинскиот совет во Акрабат, Ахмет ал Хамави, за АА изјави дека повеќе од 300 лица се соочени со потенцијална катастрофа бидејќи немаат веќе ни вода ни храна.
„Режимот вети дека ќе ги пушти цивилите да влезат во северниот дел на Идлиб и затоа тие го напуштија Акрабат. Моментално се наоѓаат во пустината, околу 5 километри од Акрабат. Немаат ниту шатори, а чекаат веќе 40 дена“, изјави ал Хамави.
Хамави изјави дека во изминатите 40 дена, во пустината починале седум деца и тројца возрасни.