Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
ИДЛИБ (АА) – Четворица цивили загинаа, а еден е повреден во напад извршен од страна на терористичките групи под контрола на режимот на Асад и неговиот поддржувач Иран, врз складиштето за гориво во западниот дел на покраината Алепо, јавува Агенција Анадолија (АА).
Силите на режимот, составени од војската на режимот на Асад, стационирана во селото Шејх Али во западниот дел на Алепо и странски терористички групи поддржани од Иран, го прекршија прекинот на огнот со напад на бензинската пумпа во селото Терменин, западно од Алепо, во рамките на границите на деескалациската зона во Идлиб.
Според информациите добиени од извори од цивилната одбрана, во нападот животот го загубиле четворица цивили. Повредениот цивил е згрижен во болница.
– Ситуацијата во Идлиб –
На состанокот во Астана во 2017 година, Турција, Русија и Иран одлучија да создадат четири деескалациски зони во областа што не е под контрола на режимот на Асад.
Режимот на Асад и терористите поддржани од Иран и Русија ги продолжија своите напади, заземајќи три од четирите региони и се упатија кон Идлиб.
И покрај тоа што Турција постигна дополнителен договор за зајакнување на прекинот на огнот со Русија во септември 2018 година, нападите повторно се интензивираа во мај 2019 година.
По новиот договор меѓу Турција и Русија постигнат на 5 март 2020 година, прекинот на огнот во голема мера е зачуван.
Околу 2 милиони цивили кои бегаа од нападите во периодот 2017 - 2020 година мораа да мигрираат во региони блиску до турската граница.