Aydoğan Kalabalık
07 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
КАИРО (АА) - Египетскиот претседател Абдулфетах ел Сиси објави дека ќе се кандидира на претстојните претседателски избори во 2018 година, но оти нема да биде кандидат и на изборите во 2022 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сиси во разговор со новинарот на американската телевизија „CNBC“ (Си-ен-би-си) истакна дека ќе го почитува Уставот на Египет, според кој може само двапати да се кандидира на претседателските избори, и со тоа исто така ја објави и својата кандидатура.
„Доколку не постои волја на народот, не ми доликува ниту еден ден да седам на претседателскиот стол. Тоа не го зборувам поради интервјуто, туку според принципите во кои верувам. Нема да се кандидирам за трет мандат, ниту сметам дека поради тоа треба да се менува Уставот“, изјави Сиси.
Тој додаде дека следните претседателски избори во Египет ќе бидат одржани во март или април 2018 година, и порача дека сѐ уште не ја објавил кандидатурата официјално, но дека сигурно ќе биде кандидат.
Во Уставот на Египет пишува дека мандантот на претседателот на земјата трае четири години. Неговиот мандат почнува ден откако ќе биде завршен мандатот на неговиот претходник. По првиот мандат, има право да се кандидира уште еднаш.