Mohammad Sio
19 Јуни 2026•Ажурирано: 19 Јуни 2026
Голем бран на раселување е во тек од јужните либански области Тир и Бинт Џбеил кон Сидон и Бејрут по смртоносните израелски напади, објави денес либанската државна Национална новинска агенција (ННА), пренесува Анадолу.
Според ННА, жителите ги напуштаат двата округа во значителен број бидејќи израелските напади продолжуваат во областа. Агенцијата соопшти дека раселувањето е главно насочено кон крајбрежниот град Сидон и главниот град Бејрут.
Претходно во текот на денешниот ден, најмалку 24 лица се убиени, а повеќемина се повредени во серија израелски напади врз јужен Либан, според либанската државна новинска агенција (ННА).
Агенцијата соопшти дека во нападите погодени се населени куќи во Ал-Шаркија, Харуф и Кфар Сир во округот Набатије, а неколку лица се водат како исчезнати.
Според најновите официјални бројки, во воената офанзива на Израел во Либан, што започна на 2 март, загинале 3.912 лица, повредени се 11.873, а раселени се повеќе од еден милион жители.
За време на воената кампања, израелските сили напредуваа повеќе од 10 километри на либанска територија.