Çağrı Koşak
27 Август 2024•Ажурирај: 28 Август 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Камерманот на ТРТ Араби е повреден во нападот на Израел врз Хан Јунис на југот на Појасот Газа, известува Анадолу.
Израелската армија изврши напад врз возило што се наоѓало пред новинарскиот шатор во близина на болницата „Насер“ во Хан Јунис.
Во нападот со шрапнел од граната во око бил повреден снимателот на ТРТ Араби, Мухамед ез-Зеанин. Во нападот повредени се и неговиот помошник Мухамед Караџа и повеќе новинари.