Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan
19 Декември 2024•Ажурирај: 20 Декември 2024
- Омер КОПАРАН
Екипите на Агенција Анадолу (AA) ги сними инструментите користени во тортурата извршувана од страна на одделот на Службата за политичка безбедност во Алепо на пропаднатиот режим на Баас во Сирија.
Знаците на тортура и нехумани услови зад затворени врати во одделот на Службата за политичка безбедност на соборениот режим во Алепо е снимен од страна на екипите на АА.
Уредите за мачење го привлекоа внимание на одделот, кој има голем број поединечни ќелии со имиња на затворениците и датуми врежани на вратите. На сликите се забележуваат камшици, превез за очи, гуми на возила и лисици со синџири кои висат од таванот користени во физичките измачувања.
Во просториите за снимање документи што ги користете чуварите од одделот, пронајдени се голем број биометриски фотографии на голем број луѓе, вклучително и жени.
Од остатоците од храна и пијалоци снимени во ќелиите, се доаѓа до заклучок дека на тој простор до неодамна престојувале голем број луѓе, а од ќебињата на подот се претпоставува дека многу луѓе, стиснати еден до друг, спиеле на подот.