Ekipa
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
БРИСЕЛ (АА) - Парламентарците во Европскиот парламент на денешната пленарна седница го изгласаа планот кој ќе овозможи делење на податоци на патниците и авионите на авиокомпаниите на ЕУ, со цел да го следи заминувањето на потенцијалните борци на боиштата во Сирија и Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Планот 'Passenger Name Record (PNR)' усвоен е со повеќе од 416 гласови "за" и 179 гласови "против" и 9 воздржани гласови, по неколку години дискусија за тоа како да се урамнотежи безбедносната потреба и право на приватност. Законот е предложен од Европската комисија 2011 година, а најверојатно ќе стапи на сила во 2018 година.
PNR е дизајниран не само за следење на потенцијалните терористи, туку и за криминалците, вклучувајќи ги оние кои криумчарат луѓе, дрога или оружје.
Според планот, ќе се собираат податоци за патниците на авиопревозникот на ЕУ кои влегуваат и излегуваат од ЕУ, а информациите ќе се чуваат шест месеци.
Се верува дека најмалку 5.000 Европјани се обучувале или се бореле во Сирија и Ирак, властите на европските земји се борат да ги докажат нивните активности.
Европската унија претходно ја договори размената на патнички податоци со САД, Канада и Австралијa