Betül Yürük
31 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на ОН денес ќе одржи итна седница за последните случувања во Газа каде израелските војници вчера усмртија 15 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Затворената седница ќе биде одржана на барање на Кувајт, непостојана членка на Советот за безбедност на ОН.
Потсетуваме, бројот на Палестинците кои израелските војници ги усмртија во Појасот на Газа вчера, на „Денот на земјата“, е зголемен на 15, потврди Ашраф ал-Кидра, портпаролот на Министерството за здравје во Газа.
Во нападите на демонстрантите во Газа и на Западниот брег се повредени речиси 1.400 Палестинци.
Палестинците одржуваат масовни демонстрации под називот „Голем марш" за враќање на границата на Појасот Газа и Израел на кои, на шест различни подрачја, се собраа десетици илјади лица.
По повод маршот, на различни погранични подрачја посетавени се и шатори. Палестинската страна тврди дека се во прашање мирни демонстрации. Командантот на израелската војска Гади Еисенкот порача дека во случај на напад на израелската инфраструктура на војниците ќе им даде дозвола за употреба на оружје.
Од 2007 година Појасот Газа се наоѓа под израелска и египетска блокада која ја уништи економијата и околу два милиони жители им се ускратени можностите за основни потреби.