Aynur Ekiz
31 Март 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
АНКАРА (АА) - Во акции во последните седум дена, на југоисточниот дел на Турција и северниот дел на Ирак се неутрализирани 90 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на Турција е соопштено дека во период од 24 до 30 март биле неутрализирани 90 терористи и бил запленет голем број оружје и муниција. Уништени се 32 позиции кои терористите ги користеле како засолништа и складишта.
Од Генералштабот истакнаа дека за време на акциите загинале четворица војници а десет биле ранети.
Објавија и податок дека во согласност со акцијата „Маслинова гранка“, на подрачјето на сириски Африн биле неутрализирани 3.820 терористи.
До сега загинаа 52 војници а 229 се ранети.
Во тек се акциите за откривање на преостанатите убојни средства и деминирање на подрачјето Африн. Во изминатите активности беа уништени 86 мини 647 експлозивни уреди изработени рачно.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.