Betül Yürük
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност при ОН синоќа пред полноќ по средноевропско време усвои нацрт-резолуција со која се бараат, како што се наведува, најострите санкции против Северна Кореја, која продолжува со развојот на својата нуклеарна програма, јавува Anadolu Agency (AA).
Според најновата резолуција, Советот за безбедност на Северна Кореја ѝ наметнува нафтено ембарго и го забрани извозот на текстил.
Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата со којашто се воведува ограничување на продавањето рафинирана нафта на Северна Корееја и бара воведување на ембарго за извоз на текстил, што е инаку втор најголем извор на приходи за таа земја.
Соединетите Американски Држави (САД) во петокот официјално побараа од Советот за безбедност да гласа за нацрт-резолуцијата со која се предвидуваат нови санкции за Северна Кореја, поради нејзината ракетна и нуклеарна програма.
Ова е девета по ред резолуција, започнувајќи од 2006 година, која ја усвојува Советот за безбедност при ОН, а која предвидува економски и воени санкции за Северна Кореја поради развојот на нуклеарната програма.
Властите на Северна Кореја на почетокот на септември соопштија дека успешно тестирале новоразвиена хидрогенска бомба компатибилна со интерконтиненталните балистички ракети, кои војската на таа земја веќе ги има во својот арсенал.