Gülşen Topçu
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во нападите на припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад како и со активирањето на експлозивна направа од страна на терористите на ДЕАШ во Сирија, загинаа девет цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека во нападите на режимот врз местото Ел-Музара, на периферијата на Идлиб загинале четири лица, меѓу кои и едно дете. Во артилерискиот напад на местото Мудира на периферијата на Дамаск загинаа три лица, од кои две деца.
Во соопштението се наведува и дека е активирана експлозивна направа поставена од страна на припадниците на ДЕАШ во местото Ел-Јални, на периферијата на Алепо. Во експлозијата загинаа две деца од едно семејство.