Tufan Aktaş
26 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
АДИС АБЕБА (AA) - Околу 3,1 милион деца во Сомалија ќе бидат вакцинирани во рамки на кампањата за вакцинирање против детска парализа започната под водство на Обединетите нации (ОН), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца при ОН (УНИЦЕФ), започнати се активности низ Сомалија за вакцинирање против детска парализа на околу 3,1 милион деца под петгодишна возраст.
Во ова соопштение се вели дека вакцините ќе обезбедат заштита против вирусите на детска парализа наречени Тип 1 и Тип 3 и дека околу 15.000 лица ќе работат на вакцинирањето на децата низ земјата.
Детската парализа е болест која се појавува кај децата под петгодишна возраст.
Сѐ уште нема лек против овој вирус, но вакцините осигуруваат ефективни резултати против оваа болест.