Khalaf Rasha,Hamdi Yıldız
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
МОГАДИШУ (АА) - Бројот на загинатите во самубиствениот напад извршен од страна на терористичката организација Ал Шабаб врз полициската академија во главниот град на Сомалија, Могадишу, се искачи на 17 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полковникот Махмуд Аден од полицијата во Могадишу, на прес-конференција соопшти дека бројот на загинатите во експлозијата се искачи на 17 лица, додека 20 лица се повредени.
Според веста на државната новинска агенција на Сомалија, СУНА, нападот е извршен за време на воениот марш одржан по повод годишнината на основањето на полицијата.
Според соопштението на интернет страницата „Сомали Миму“ поврзана со организацијата Ал Шабаб, оваа организација ја презеде одговорноста за нападот.
Ал Шабаб од 2004 година врши терористички напади во Сомалија.