Gökhan Kavak
14 Јуни 2021•Ажурирај: 15 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Во африканската земја Сомалија е извршена операција против терористичката организација Еш-Шебаб, при што се убиени најмалку 50 милитанти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на сомалиската Војска, од 11 јуни се реализираат операции против оваа терористичка организација во подрачјето на Хиран во земјата.
Во соопштението се наведува дека во операцијата се неутрализирани најмалку 50 милитанти и дека уништени се местата што биле користени од страна на организацијата.
Инаку, терористичката организација Еш-Шебаб често врши напади во регионот при што како цел ги има безбедносните сили и цивилните населени места.
Војската на Сомалија продолжува со операциите против Еш-Шебаб. Во рамки на операциите реализирани досега, најмалку 6 села се ослободени од оваа терористичка организација.