Gökhan Kavak
17 Март 2022•Ажурирај: 24 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради долготрајната суша во Сомалија бројот на заболени од сипаници и колера се зголемени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Канцеларијата на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во Сомалија, се потенцираат болестите во земјата.
Од Канцеларијата се наведува дека сушата раселила 700.000 луѓе и дека има пораст на случаите на мали сипаници и колера.
Од друга страна, се истакнува дека УНИЦЕФ поделил здравствени комплети на 20.000 луѓе во последните 3 месеци.
- Прогласена вонредна состојба -
Сомалиската Влада прогласи вонредна состојба низ целата земја на 23 ноември 2021 година, поради сушата.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), во земјата на милиони луѓе им е потребна итна помош.
Од крајот на 2020 година сезонските врнежи од дожд во земјата се намалени.
Од 1990 година, Сомалија доживеа повеќе од 30 природни катастрофи како што се поплави и суши поради климатските промени.