Muhammet Nazım Taşçı
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
АНКАРА
Во индиската држава Мадја Прадеш се случи тешка сообраќајна несреќа откако автобус удри во камион кој запрел. Во несреќата животот го загубија 9 лица, а 10 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави индиската новинска агенција „Press Trust of India“ (PTI), властите информирале дека во подрачјето Рева, автобус удрил во камион што бил паркиран покрај патот.
Началникот на полицијата, Абид Кан, изјави дека во сообраќајната несреќа животот го загубиле 9 лица, а 10 се повредени.
Повредените се префрлени во болница.