Özcan Yıldırım
21 Ноември 2021•Ажурирај: 21 Ноември 2021
АНКАРА
Седум државјани на Турција се ослободени со заеднички напори на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Катарската разузнавачка служба, а станува збор за лица кои во притвор на истокот на Либија поминале речиси две години поради неосновани обвиненија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Репортерот на АА јави дека напорите на Министерството за надворешни работи на Турција и МИТ вродиле со плод и дека се ослободени Илкер Саглик, Доган Киса, Халил Гозел, Ахмет Селви, Хидајет Јапрак и Абдул Самет Акџај, кои главно работат во секторот на угостителство.
Во тие напори придонес дала и Катарската разузнавачка служба, а ослободените турски државјани донесени се во Турција.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, разговараше на телефон со граѓаните кои се ослободени.
Ослободените граѓани му се заблагодарија на претседателот Ердоган за блискиот интерес на државата за нивниот случај.
Ердоган изрази благодарност и упати честитки до сите актери кои дадоа придонес во активностите за ослободување и враќање на турските граѓани во нивната земја.