Gamze Türkoğlu Oğuz
06 Декември 2018•Ажурирај: 07 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Списанието „Форбс“ (Forbes) ја објави Листата на 100-те најмоќни жени во светот за 2018 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, ја зазеде лидерската позиција на листата на најмоќни жени во светот. Зад неа следуваат премиерката на Велика Британија, Тереза Меј и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (IMF), Кристин Лагард.
Претседателката на Управниот одбор на турската холдинг-компанија „Сабанџи“, Ѓулер Сабанџи, се најде на 64. место на листата.
Првите 10 позиции на листата, по Меркел, Меј и Лагард, ги заземаат претседателката на Управниот одбор на „General Motors“, Мери Бара; Ебигејл Џонсон, од инвестициската компанија „Fidelity“; Мелинда Гејтс, една од основачите и заменик-претседател на фондацијата „Bill & Melinda Gates“; Сузан Војчицки, на висока позиција во „YouTube“; Ана Патрисија Ботин, претседателката на Одборот на директори на групацијата „Santander“; претседателката на Одборот на директори на „Lockheed Martin“, Мерилин Хјусон и Џини Ромети, висока функционерка во компанијата IMB.
На листата на највлијателни личности во светот, на која се наоѓаат жени од светот на политиката, бизнисот и уметноста, оваа година се придружија 20 нови имиња.
Списанието „Форбс“, кое од 2004 година досега секоја година ја објавува листата на највлијателни жени во светот, листата ја подредува според повеќе критериуми, меѓу кои се нивната присутност во медиумите, нивната политичка и економска определба.