Burak Dağ
27 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
СТОКХОЛМ (АА) - Една недела по палењето на Куранот во Стокхолм, главниот град на Шведска, израелскиот амбасадор во Шведска, Зив Нево Кулман, објави дека Тел Авив и локалната еврејска заедница во координација со шведските официјални лица спречиле палење на Тората, еврејската света книга, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зив Нево Кулман на Твитер објави дека палењето на Тората било планирано да се случи пред Израелската амбасада во Стокхолм, но било спречено со помош на шведските власти.
Ова се случи откако Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарската данска партија Страм Курс, запали примерок од Куранот пред Турската амбасада во Стокхолм на 21 јануари под полициска заштита.