Gökhan Kavak
24 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
МОГАДИШУ
Разговорите меѓу претседателот Мухамед Абдулах Фермаку и премиерот Мухамед Хусеин Робле за решавање на тековната криза во Сомалија не вроди со плод, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ахмед Абди Карие, гувернерот на државата Галмудуг, кој што беше посредник во разговорите, во писмена изјава истакна дека причината за неуспехот на разговорите е претседателот Фермаку.
Во соопштението, во кое се наведува дека настаните по смртта на разузнавачката Икран Тахлил предизвикале криза помеѓу Фермаку и Робле, се додава дека и покрај сите напори, не е постигнат договор меѓу страните.
Поранешниот разузнавачки директор Фахад Јасин беше разрешен од премиерот Мухамед Робле на 6 септември, по смртта на разузнавачката Икран Тахлил.
Реагирајќи по разрешувањето на Јасин, претседателот Фермаку назначи нов шеф за разузнавање и го постави Јасин како негов советник за национална безбедност.
- Борбата за власт трае со недели
Откако изборите во Сомалија, планирани да се одржат на почетокот на годината, беа постојано одложувани, опозицијата објави дека не го признава Фермаку за претседател.
Од друга страна, Фермаку на премиерот Робле му даде овластување да управува со изборниот процес, со цел да ги намали тензиите во земјата.
Додека дебатата за овластувањата на Фермаку и Робле, која трае со недели, повторно ги крена тензиите во земјата, двајцата државни функционери меѓусебно се обвинуваат за противуставни дејствија.