Ilkay Guder,Cuneyt Davut
21 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган, кој е во работна посета на Македонија се сретна со меѓународните академици турколози, претставници на Сојузот на турски невладини организации на Македонија, (МАТУСИТЕБ) претставници на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) и со академската јавност од земјава, јавува Анадолу Агенција (АА).
Акдоган, на протоколарен ручек се сретна со меѓународните академици турколози, претставници на Сојузот на турски невладини организации на Македонија, (МАТУСИТЕБ) претставници на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) и академската јавност од земјава.
На ручекот беа присутни и претседателот на Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) Сердар Чам, претседателот на Одделот за Турците и заедницата на роднини кои живеат во странство, Кудрет Булбул, Заменик-претседателот на Управниот одбор на АА, д-р Шабан Кизилдаг, амбасадорот на Турција во Македонија Омур Шолендил, потсекретарот на турската амбасада во Македонија, министерот без ресор Фуркан Чако и претседателот на ТИКА за Балканот и Источна Европа Махмут Чевик.
Ручекот кој беше затворен за медиумите траеше еден час, но пред почетокот на ручекот им беше дозволено на медиумите да го документираат настанот со снимки и фотографии.