Zehra Nur Düz
30 Ноември 2022•Ажурирај: 02 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Од најниското ниво во 2004 година, стапката на смртност од огнено оружје во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми за 45,5 отсто од 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Стапката на смртност од огнено оружје во САД достигна највисоко ниво во последните 28 години“, се вели во студијата објавена во медицинското списание „ЏАМА нетворк опен“ (JAMA Network Open).
„Убиствата со огнено оружје се со највисока стапка кај црнците од нехиспанско потекло, а стапките на самоубиства од огнено оружје се највисоки кај белците од нехиспанско потекло на возраст од 70 години и постари“, се вели во истражувањето.
Во истражувањето се анализирани смртните случаи од огнено оружје во САД од 1990 до 2021 година со користење податоци од Центрите за контрола и превенција на болести со седиште во Атланта.
Истражувачите дошле до бројка од 1,1 милион смртни случаи од огнено оружје во текот на 32 години, од кои 952.984 кај мажи (85,8 отсто) и 157.165 кај жени (14,2 отсто), 286.075 кај црнци од нехиспанско потекло (25,8 отсто), 115.616 меѓу лица од нехиспанско потекло (104 %) и 672.132 меѓу белци од нехиспанско потекло (60,5 %).
Истражувањето откри значителни разлики во стапката на смртност од оружје меѓу мажите и жените и по расна и по етничка група, заклучувајќи дека овие разлики се продлабочиле во последниве години.
Истражувачите ги повикаа јавните здравствени власти да ги земат предвид основните демографски и географски трендови, како и разликите во намерата да го сузбијат насилството од огнено оружје.