Michael Hernandez
02 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Стејт Департментот соопшти дека е потребно да се утврди каде се наоѓа телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги и да се испорача на семејството заради погребување, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Стејт Департментот Роберт Паладино на новинарите во Вашингтон им рече дека САД ќе ги смета за одговорни не само оние кои го убиле новинарот Кашоги, туку и лицата поврзани со убиството.
„Ќе ги сметаме за одговорни и оние кои го предводеа убиството, беа вклучени и поврзани со тоа", рече Паладино.
Џамал Кашоги, новинарот и колумнистот на весникот „The Washington Post" и соработникот на весникот „Ал Ватан", кој претставува главна платформа на саудиските реформисти, исчесна на 2 октомври откако влезе во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Истрагата за убиството и понатаму е во тек, а главна задача на истражувачите е пронаоѓање на посмртните остатоци и утврдување на одговорните за убиството.
По повеќедневните тврдења дека не знаат ништо за Кашоги, властите на Саудиска Арабија соопштија дека Кашоги е убиен во текот на наводна расправија во конзулатот.