Yusuf Hatip,Ata Ufuk Şeker
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во врска со операцијата „Маслинова гранка“ го рече следното: „Турција има легитимно право да биде загрижена за својата безбедност. Ниту една земја-членка на НАТО не беше жртва на терористички напади како Турција“, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг, во седиштето на НАТО во Брисел одржа прес-конференција на која посочи на минатонеделното информирање на НАТО од страна на Турција за операцијата „Маслинова гранка“, истакнувајќи дека за ситуацијата во Сирија, тој е во редовна комуникација со лидерите на Турција, вклучувајќи го и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Столтенберг своето обраќање го продолжи со зборовите:
„Очекуваме Турција да нѐ извести дека продолжува со своето сојузништво во НАТО. Турција има легитимно право да биде загрижена за својата безбедност. Ниту една земја-членка на НАТО не беше жртва на терористички напади како Турција. Турција има право да изнајде решение за оваа безбедносна загриженост, но таа тоа мора да го прави на пропорционален и умерен начин”.
„Задоволувачки се средбите меѓу Турција и САД“
Столтенберг, од друга страна, во врска со операцијата „Маслинова гранка“ изјави: „Го изразувам своето задоволство од средбите меѓу Турција и САД“.
Во врска со договорот што Турција го потпиша со Русија за ракетниот одбранбен систем S-400, Столтенберг рече: „Останува Турција да ги соопшти деталите од договорот. Од друга страна, ја поздравуваме партнерската соработка на Турција со Италија и Франција, земји сојузници на НАТО, за развивањето на заедничкиот систем за воздушна одбрана”.
План за одбрана на Европа
Столтенберг рече дека зголемувањето на трошоците за одбрана и капацитетите на Европа ќе го зацврстат НАТО и ќе дадат придонес во праведната прераспределба на товарот. Тој истакна дека напорите за развивање на одбраната на Европската Унија не треба да бидат ‘алтернатива’, туку ‘надополнување’ на НАТО.
Столтенберг во врска со чекорите кои ЕУ ги презема на полето на одбраната рече: „Сосема е безмислено да се каже дека се создава конкуренција, бидејќи и ЕУ и НАТО ги имаат истите членки. Над 90 отсто од населението на ЕУ живее на територијата на НАТО“.
Столтенберг во своето обраќање го истакна фактот дека одбраната на Европа е поврзана со НАТО. „Особено по Брегзит, 80 отсто од трошоците за одбрана ќе дојдат од сојузниците на НАТО надвор од ЕУ“, рече Столтенберг.
Утре започнува состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Се очекува во рамките на состанокот на НАТО, министерот за одбрана на Турција, Нуретин Џаникли да оствари билатерални средби со својот американски колега Џејмс Матис, генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, и некои други министри од земјите-членки на НАТО.