Yusuf Özcan
03 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
ПАРИЗ (AA) - Демонстрантите „жолти елеци" на улиците во Франција се собраа 51. сабота по ред за да го изразат незадоволството поради политиката на францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрациите, кои почнаа како реакција на најавените зголемувања на цената на горивото, прераснаа во антивладини протести. Иако одзивот не е голем, демонстрантите излегуваат на улиците во француските градови за да го изразат незадоволството од моменталното владеење.
Во Париз една група шеташе од плоштадот Сент-Пјер до Фелис Ебуе. Друга група шеташе од плоштадот Италија до железичката станица Гар ду Норд. Протестите се следени со силни безбедносни мерки.
Во градот Тулуз се собраа околу 600 лица. Дојде до напнатост помеѓу демонстрантите и полицијата. Полицијата интервенираше со солзавец, а приведени се четири лица.
Протести се одржани и во други француски градови.
Најмалку 11 лица смртно страдаа, а неколку илјади луѓе се повредени во текот на протестите кои се одржуваат од ноември минатата година.