Aziz Ahmadi,Mehmet Nuri Uçar
15 Јуни 2024•Ажурирај: 16 Јуни 2024
САНА (АА) - Неколку стотици илјади луѓе во Јемен учествуваа на собирот во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, известува Анадолу.
Собир под слоганот „Стоиме покрај Газа“ е организиран во главниот град Сана.
Граѓаните се собраа по петочната молитва, упатувајќи порака на поддршка на Палестина.
На собирот се носеа транспаренти на кои се осудуваат израелските напади на Газа и се повикува на бојкот на американски и израелски производи.
Освен во Сана, протести беа одржани и во уште неколку градови на Јемен.
Од 7. октомври минатата година Израел спроведува брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници, во кои досега се убиени повеќе од 37.300 Палестинци, воглавно жени и деца.