Burak Bir
10 Август 2026•Ажурирано: 10 Август 2026
Во Европа во наредните децении би можел значително да се зголеми бројот на денови со екстремно високи дневни температури проследени со тропски ноќи, се предупредува во нова студија, пренесува Анадолу.
Чешки климатолози изработиле детална процена за тоа како би можеле да се развиваат опасно високите температури во Централна Европа, објави „Радио Прага интернешнал“.
Студијата укажува дека во наредните децении би можел значително да се зголеми бројот на денови кога екстремните дневни горештини се совпаѓаат со тропски ноќи, односно ноќи во кои температурата не се спушта под 20 Целзиусови степени.
Студијата посочува дека ваквите услови претставуваат сериозен ризик за здравјето, бидејќи во некои региони би можело да има повеќе од седум такви денови годишно.
Според наводите, комбинацијата од екстремно топли денови и тропски ноќи во моментов е релативно ретка, со просек од помалку од два такви дена годишно во периодот од 1995 до 2014 година.
За време на топлотните бранови од почетокот на годината, на европскиот континент изгореле вкупно 1.237.645 акри (500.852 хектари), според податоците на Европската Унија.
Податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, исто така, покажуваат дека од почетокот на годината до 6 август низ Европа биле регистрирани 1.528 пожари.