Hamdi Yıldız
04 Јуни 2019•Ажурирај: 05 Јуни 2019
КАРТУМ (АА) - Најмалку 35 лица загинаа во интервенцијата на војската врз демонстрантите во суданскиот главен град Картум, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Лекарскиот комитет на Судан, бројот на убиените демонстранти од страна на Воениот совет пред генералното седиште во Картум изнесува најмалку 35 лица.
Во соопштението се нагласува дека стотици лица биле повредени во нападот, од кои повеќето се наоѓаат во критична здравствена состојба.
Се истакнува дека не може да се определи точната бројка на загинати, бидејќи болниците се под опсада на воената милиција и безбедносните сили, а дека нападнати и приведени биле и лекари.
Во соопштението се наведува дека според изјавите на лекарите и демонстрантите, поголемиот дел од безживотните тела на плоштадот каде што се одржа демонстрацијата, биле земени од страна на припадниците на милицијата „Канкавид“ и фрлени во реката Нил.
Комитетот упати сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо заздравување.