Dejan Maksimoviç
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
БЕЛГРАД (AA) - Министерството за внатрешни работи на Србија утрово соопшти дека на 2 јули во 1:40 во местото Житиште, кај Зрењанин, се случи инцидент во кој животот го загубија 5, а ранети се повеќе од 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Маж со иницијали З.С (1978) влезе во локалното кафуле "Макијато" и од автоматско оружје испали повеќе куршуми и ја уби својата сопруга и уште едно женско лице, по што продолжи да пука по граѓаните кои во тој момент се наоѓаа во кафулето", велат од МВР.
Понатаму се додава дека припадниците на МВР Србија го уапсија З.С. а увидот е во тек.
Српските медиуми пак јавуваат дека две од петте жртви починаа на лице место, додека три починаа во болницата во Зрењанин. Според информациите кои локалните медиуми ги добија од болницата во Зрењанин, пишуват дека во болницата во текот на ноќта се примени 22 лица, од кои шест средно и лесно повредени, додека останатите добија потешки повреди, сите од огнено оружје.