Hajer M'tırı
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
ПАРИЗ (АА) - Бран насилни судири помеѓу полицијата и групи млади луѓе се случија синоќа во три предградија во западниот француски град Нант, откако полицијата застрелала млад човек, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку автомобили беа запалени, a еден трговски центар делумно изгоре во предградието Брејл, во справувањето на полицијата со разлутените млади луѓе, некои од нив вооружени со молотови коктели.
Според медиумите, кои цитираа полициски извори, убиеното младо лице, за кое се вели дека било над 20-годишна возраст, е убиено синоќа во 20:30 часот во Нант за време на полициска проверка на возило, откако тој „одбил да се придржува“ до полициските барања.
Француската министерка за правда, Никол Белубе, денес повика „на целосно смирување, бидејќи спроведувањето на законот ќе биде целосно почитувано“.
Пјер Сенес, јавниот обвинител на Нант, истакна дека полициските власти истражуваат со цел да ги разјаснат фактите и да утврдат во кои околности полицаецот го употребил своето оружје.