Haydar Karaalp
02 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
БАГДАД (АА) - Во вториот ден од антивладините протести, во различни делови на Багдад доаѓа до судири и напнатост меѓу демонстрантите и безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите на подрачјето на Зафараније, јужно од Багдад, протестираа против Владата поради немање решение за корупцијата и невработеноста.
Безбедносните сили користат боева муниција со цел растерување на граѓаните. Демонстрантите на некои подрачја палеа автомобилски гуми и на тој начин ги блокираа патиштата.
Ирачките сили ги затворија сите патишта кои водат кон Зелената зона, каде што се наоѓа зградата на Владата. Преземени се највисоки безбедносни мерки.
Власите тврдат дека досега загинало едно лице, меѓутоа, локалните медуми јавуваат дека се работи за три. Повредени се околу 200.
Вчера во Багдад започнаа демонстрации против актуелната Влада на чие чело е премиерот Адил Абдул-Махди.
Демонстрациите следуваа по повикот на активистите кои велат дека Владата не успеала да го подобри животниот стандард на граѓаните и да ги спроведе потребните реформи.