Aida Cako
08 Јануари 2026•Ажурирај: 09 Јануари 2026
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Судири избија меѓу индиската полиција и локалните жители вчера за време на акција за уривање објекти во близина на џамија во главниот град на Индија, при што се повредени пет полицајци, а пет лица се приведени, јавува Анадолу.
Според индиските медиуми, околу 300 службеници и работници учествувале во акцијата за уривање, која била спроведена врз основа на судска наредба.
Цел на интервенцијата биле објекти кои, според надлежните, нелегално зафаќале државно земјиште и ги прекршувале прописите за сопственост во подрачје во близина на џамија и гробишта во Њу Делхи.
Локалното население се спротивставило на уривањето, по што дошло до судири меѓу жителите и полициските сили присутни на терен.