Bedrudin Brljavac
29 Јуни 2024•Ажурирај: 30 Јуни 2024
ЊУЈОРК (АА) - Во американскиот град Њујорк се одржа митинг за поддршка на Палестина и Либан, на кој најостро беа осудени израелските напади врз цивилите во Газа, известува Анадолу.
Протестот беше организиран од активисти на здружението „Within Our Lifetime (WOL)“, а насобраните побараа Израел да престане со бруталните напади во Палестина и Либан.
Во еден момент полицијата се судри со демонстрантите кои се обиделе да им побегнат на безбедносните сили.
Демонстрантите наидоа на остра полициска интервенција на протестите одржани за време на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Њујорк. Полицијата приведе голем број лица.
Тензиите се зголемија долж границата на Либан со Израел поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили, во време кога Тел Авив ја продолжува својата брутална офанзива на Појасот Газа, во која се убиени повеќе од 37.800 палестинци од 7 октомври минатата година.