Şenhan Bolelli
31 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
МАДРИД (АА) - По приложената жалба од страна на шпанската Влада во врска со прогласената независност на Каталонија на 27 октомври, од страна на Парламентот на автономната покраина, и започнувањето на процесот на осамостојување, утрово заседаваше Уставниот суд на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Со прифаќањето на жалбата поднесена од страна на централната шпанска власт до Уставниот суд, автоматски е суспендирана одлуката усвоена од страна на каталонскиот Парламент.
Уставниот суд во период од 5 месеци ќе ја разгледува одлуката за прогласување независност на Каталонија и ќе ја донесе својата конечна одлука.
Во меѓувреме, од судовите се прифатени обвиненијата поднесени од страна на шпанското обвинителство, против поранешниот претседател на автономната покраина Каталонија, Карлес Пучдемон, заменик-претседателот Ориол Жункерас, 12 министри, претседателот на каталонскиот Парламент, Карме Форкадел и против 5 членови од Советот на автономната покраина, поради „непослушност против државата, бунт и злоупотреба на јавните добра“.