Ekipa
03 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
ИСЛАМАБАД (АА) - Во експлозија, која за цел имаше џамија во главниот град на Авганистан, загинаа одреден број цивили, изјави портпаролот на талибанците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата се случила на собир близу влезот на џамијата „Ејдгах“ во Кабул, објави на Твитер портпаролот Забихула Муџахид.
Извори за Агенција Анадолија изјавија дека луѓето се собрале по повод смртта на мајката на Муџахид, кој е и вршител на должноста заменик-министер за информации во привремената талибанска влада.
Засега никој не ја има преземено одговорноста за нападот.