Barış Seçkin
03 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
РИМ (АА) - Најмалку осум лица се верува дека го изгубиле животот кога мал приватен авион удрил во зграда кратко по полетувањето во Италија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Авионот полетал од аеродромот „Линате“ во Милано и се движел кон Олбија на островот Сардинија, јави италијанската новинска агенција АНСА.
Авионот се урна во двокатна зграда во населбата Сан Донато во предградието на Милано.
Се стравува дека сите осум лица кои биле во авионот, двајца пилоти, пет возрасни патници и едно дете, загинале во несреќата.