Emel Öz Gözellik
20 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Компанијата за социјални медиуми „Твитер“ соопшти дека суспендирала голем број профили, вклучувајќи го и профилот на Сауд ал Кахтани, поранешниот советник на саудискиот принц Мухамед бин Селман, за кого се истакнува дека играл „клучна улога“ во убиството на поранешниот новинар Џемал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Твитер се истакнува дека се суспендирани вкупно 267 профили од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Египет.
Некои од суспендираните профили се поврзани со државните медиуми на Саудиска Арабија, а некои пак, споделувале пораки блиски до Владата на Саудиска Арабија.
Профилот на Кахтани е суспендиран со образложение дека ги прекршува правилата на платформата.
Се тврди дека Кахтани имал клучна улога во убиството на саудискиот новинар Кашоги во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.